Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29 јули запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ветрот пожарот се проширил и во соседните ниви, по што бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.
Кривична пријава доби и Т.И. (27) од село Кременица, битолско, заради постоење сомневање дека тој на 4 септември запалил стрниште во атарот на село Кременица, Битолско и со тоа сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ.
Поднесена е кривична пријава против правно лице по чл. 288 ст.5 бидејќи на 3 август во село Стрежево, од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.
Р.Р. (58), со привремен престој во Битола, доби кривична пријава заради тоа што на 4 август запалил плевна во село Црнеец, Битолско, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева.
Поднесена е кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради сомневање дека на 4 август во село Лопатица, Битолско, на место викано Белан атар запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар.