среда, 4 декември 2024

Кривична пријава за убиството кај Пиперево

Вчера полициски службеници од  Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода Т.К. од село Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела убиство од небрежност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, на 4 ноември 2024, Т.К., заедно со И.К. од село Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот. Во текот на вчерашниот ден, со наредба од Основен суд Радовиш извршен е претрес во домот на Т.К., при што се одземени предмети кои се од интерес на истрагата, а осомничениот е приведен“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ