вторник, 15 октомври 2024

Кривична пријава за две лица од Скопје за убиството и пожарот во Хром

Скопската полиција до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка, против А.Д. (39) од Скопје, поради сомневање за сторени две кривични дела, „убиство” и „тешки дела против општата сигурност” и против И.Ц. (58) од Скопје поради сомневање за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност”. А.Д. е во бегство и по него е распишана потерница.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, на 22 септември од 6.40 до 09.30 часот, по пријавен пожар во стан на улицата „Исаија Мажовски” во Скопје, И.Ј. (35) од Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет. Полициски службеници констатирале дека пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното кривично дело. 

Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на идентитетот на сторителите на наведените кривични дела на 29 септември извршиле претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и за него е распишан потерница, а приведена била И.Ц..

Од страна на судија на претходна постапка на второпријавената И.Ц. ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ