петок, 13 декември 2024

Кривична пријава за демнење на полициски началник

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т. (66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41- годишен вработен како началник во ОВР Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца. Пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ