среда, 16 октомври 2024

Крилото на Таравари тврди дека Алијансата за Албанците и законски им припаѓа ним

Денеска е многу важен ден за нашата партија, но особено за кревкиот правосуден систем на оваа земја. По нималку благородна теленовела и апсурдна расправа за тоа чија е партијата, а партијата секогаш припаѓа на мнозинството членови, Апелациониот суд одлучи дека Алијансата за Албанците и законски ни припаѓа нам, на чело со Арбен Таравари, човекот кој не отстапи од партиската линија, рече денеска на прес конференција, Ријад Шаќири. Претходно, Апелациски суд Гостивар го врати судењето од почеток по пресудата на Основниот суд Тетово кој одлучи дека дека печатите од партијата Алијанса за Албанците му припаѓаат на Зијадин Села.

Објавено на

часот

Сподели

„Скромноста на овој човек е толку голема што најверојатно нема да се согласи сега кога ги слуша овие зборови на благодарност за него, но во име на целата наша партија, во името на секој активист, ја користам приликата да изразам благодарност до претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари! И покрај тоа што стана цел на клевети и навреди, иако имаше неверојатни понуди, не мрдна од својата позиција, и нормално, времето му ја даде правдата, па денес сме легитимна партија, најголемата албанска партија во државава! Благодарност до сите членови, кои не се откажаа, ја продолжија и ја продолжуваат својата битка за подобар живот! Им благодарам на Албанците кои иако се најдоа во грдата замка на лажни вести, интриги и што не друго, не се откажаа и не се откажуваат од нашата партија!“, рече Шаќири.

Од друга страна, сестри и браќа, посочи Шаќири, оваа прилика нека послужи за размислување и разбирање дека поделбите никому не помагаат!

„Животот е премногу краток и доволен е само за да се прават добри дела. Добрите дела се прават подобро заедно! Овој ден не е ден кога се официјализира поделбата, туку е ден кога народот официјално го добива правото да раководи со партијата“, рече Шаќири.

Претходно, Апелациски суд Гостивар го врати судењето од почеток по пресудата на Основниот суд Тетово кој одлучи дека печатите од партијата Алијанса за Албанците му припаѓаат на Зијадин Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ