вторник, 15 октомври 2024

Крилото на Села покрена иницијатива за разрешување на Таравари и свика конгрес

Покрената е иницијатива за разрешување на Арбен Таравари, актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, изјави денеска потпретседателот на партијата Зијадин Села по завршувањето на денешната седница на централното собрание на партијата во Скопје. Денешната седница е дел о актуелниот раскол во партијата за тоа како да се оди на избори – на Таравари за коалиција со опозицијата и на Села за самостоен настап на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

Села рече дека поддршка на оваа иницијатива дале 106 членови на централното собрание, од 108 присутни делегати (еден гласаше воздржан и еден против). За оваа иницијатива конечна одлука ќе се донесе на партискиот конгрес закажан за 18 февруари, рече Села кој додаде дека причината за оваа иницијатива е грубото кршење на статутот на партијата од страна на Таравари.

Пред два дена во Куманово и Таравари свика централно собрание на кое беше одлучено дека АА на изборите ќе оди во коалиција со опозициските партии на Албанците во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ