петок, 11 октомври 2024

Кремљ: Западот веројатно веќе му одобрил на Киев да ја нападне Русија со ракети со долг дострел

Западот веројатно веќе одлучил да му дозволи на Киев да лансира ракети со долг дострел на руска територија, а таа одлука сега се формализира во медиумите, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Најверојатно, сите тие одлуки се веќе донесени. Сега само во медиумите се води кампања со цел формализација на веќе донесената одлука. И притоа продолжуваат обидите на Соединетите Американски Држави и на европските држави да се дистанцираат од вмешаноста во украинскиот конфликт. Не мислиме дека тоа функционира“, кажа Песков, коментирајќи ги разговорите околу тоа прашање меѓу САД и Британија.

Истакна дека вмешаноста на тие држави во украинскиот конфликт е директна и дека секој нов чекор прави таа да биде уште поголема, додавајќи дека „тешко дека може да биде поголема, сè е очигледно“.

Портпаролот на Кремљ кажа дека одговорот на Русија на нападите на нејзина територија ќе биде соодветен.

„Одговорот ќе биде адекватен“, кажа тој, додавајќи дека оружените сили на Русија ги имаат сите неопходни средства за продолжување на „специјалната воена операција“.

„Што се однесува до оружените сили тие имаат цел арсенал неопходни средства за продолжување на специјалната операција“, порача Песков.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изјави дека американскиот претседател Џо Бајден планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за дозвола на украинските оружени сили да ја нападнат Русија со оружјето со долг дострел кое го обезбедуваат Лондон и Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ