Песков рече дека таквите одлуки не можат да се носат „без шефот на државата“ и дека тоа е одлука на Путин, пренесува ТАСС.
Сепак, Песков истакна дека нема официјални соопштенија за ова прашање, наведувајќи дека вчера во медиумите се појавиле информации „од извори“.
„Во моментов немам што да додадам на таа тема“, рече Песков.