„Темата на безбедноста на Русија е една од главните грижи на нашата земја. Тоа е прашањето кое веројатно и доведе до овие несогласувања. Европејците и Американците одбија тоа да го решат со преговори, што ја натера Русија на специјалната воена операција“, кажа Песков. „Затоа, нормално, невозможно е да се зборува за решавање на украинската криза без расправа на оваа тема“, истакна портпаролот на рускиот претседател.
Песков кажа и дека за време на неодамнешниот телефонски разговор на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп и двајцата изразиле уверување дека проблемите можат и мора да се решаваат со дијалог.
„Украинскиот конфликт може и мора да биде решен со мировни преговори. Тоа е веројатно најважно“, заклучи Песков.