вторник, 8 октомври 2024

Кремљ не се согласува со изјавите на Ердоган за враќање на Крим на Украина

Русија не се согласува со коментарот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Крим треба да се врати под контрола на Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тука имаме сосема различни мислења. Во исто време, не се откажуваме од обидите да им го објасниме нашето гледиште, нашата позиција на нашите турски пријатели и колеги“, рече тој.

Ердоган на почетокот на неделава рече дека поддршката на Турција за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива и дека враќањето на Крим кон Украина, што Русија го анектираше во 2014 година, е услов на меѓународното право.

Песков изјави дека Ердоган е под притисок од САД поради традиционално блиските економски врски со Москва, пренесува Ројтерс.

Оваа недела Кремљ најави можна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција кога ќе бидат завршени подготовките.

Турција, која е членка на НАТО, одигра клучна улога како посредник за време на руско-украинската војна, пред се кога станува збор за извозот на украинското жито кое долго време беше заглавено во пристаништата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ