петок, 4 октомври 2024
Премиерот на покана на грчкиот колега

Ковачевски утре во Атина ќе разговара со дер Лаен за уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на ЕК од прва рака ќе може да се информира од мене за текот на уставните измени, иако таа веќе ги има сите информации и дека процесот започна со, како што рече Ковачевски, со 73 гласа за изгласување на дневниот ред во однос на уставните амандмани.

„Стана многу јасно дека СДСМ и Коалицијата и европската коалицја, се за продолжување на европската интеграција на Северна Македонија, меѓутоа дека опозицијата повторно, како што било и во минатото, е за блокада на патот на Северна Македонија во европските интеграци, исто како што беше и против залченувањето на Северна Македонија и во НАТО“, рече Ковачевски во интервју за ТВ Сител.

Тој оени дека Собранието има капацитет да донесе уште една голема стратешка одлука за граѓаните на државата, пред се за иднината на граѓаните, со која, како што рече, ќе го започнеме отворањето на кластерите, по успешното завршување на скрининг процесот и до 2030 година државата да стане членка на ЕУ.

На прашањето како планираат да ја пробијат блокадата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени во следните неколку седмици, премиерот повтори дека ова прашање како никогаш досега е од стратешки интерес како за земјава, така и за ЕУ, во светло на геополитичките случувања во Европа со војната во Украина.

„Тоа е едно од прашањата кои се високо на агендата и за САД. И не случајно тука беше еден од нивните најпроминентни сенатори, Марфи. Потоа имав средба со државниот секретар Блинкен, и не случајно и претседателката на Европската комисија и на Европските совет,и голем број претседатели и премиери имаа говор во нашето Собрание. Што значи дека се работи за заеднички стратешки интерес, како ретко кога досега. И првпат досега се случува ветото за нашата држава да не доаѓа од надвор, туку да доаѓа од внатре, и тоа од истите луѓе од кои секогаш имало блокади“, рече Ковачевски. 

Тој додаде дека ова е почеток на процесот, каде што можеа да се видат ставовите на политичките партии.

„Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ реши да не определи свој пратеник од политичката партија да ги изнесе нивните ставови, туку ставовите на нивната пратеничка група и коалицијата ги изнесе независен пратеник, (Гордана Силјановска, н.з.) што исто така, остава простор да се разговара нормално на сите нивоа со ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се убедат дека сега е моментот да се донесе оваа важна одлука, бидејќи сега е годината кога прво – можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција и второ – е пред изборите во ЕУ идната година“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ