недела, 13 октомври 2024
Одговор на едно прашање

Ковачевски преку анегдота за коњот со бројот 5 им прати порака на Димитриевски и Јакимовски

Прашан дали на изборите СДСМ би коалицирала со ЗНАМ и ГРОМ на некогашните сопартијци, Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски, лидерот на социјалдемократите, Димитар Ковачевски својот одговор го илустрира со раскажување на една анегдота.

Фото: Фескбук на Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

„Максим Димитриевски е долгогодишен поранешен член на СДСМ. Тој во текот на своето политичко делување одлучи да формира своја политичка партија. На минатите локални избори во градот Куманово тој беше поддржан од опозицијата на државно ниво, односно од ВМРО-ДПМНЕ и од некои други политички партии и на тој начин успеа да го добие мандатот за градоначалник, односно да извојува победа за градоначалник и после тоа формираше своја политичка партија. Не би можел во моментов да ви кажам во делот на коалицирањето или со политичката партија која што ја предводи градоначалникот на Куманово или со други политички партии (ГРОМ, н.з.) со коишто не сме коалицирале со оглед на тоа дека тие во своите настапи сакаат да направат диференцијација од тоа што биле цел живот“, вели Ковачевски во интервју за МИА.

Тој раскажа анегдота, како што вели, што го потсетувала „кога својата кампања ја базирате на тоа да бидете против своите“, и оти имало такви искуства и во минатото, политички партии коишто произлегуваат од СДСМ, меѓутоа на крајот пак завршувале или во СДСМ каде што им било и местото или во коалиции со СДСМ.

„Има една анегдота која што ја кажува поранешниот претседател на САД, Роналд Реган. Имало некој човек којшто сонувал постојано број 5. И секоја вечер сонувал број 5, а бил притоа и страствен љубител на обложување на трки со коњи. Тргнувајќи од фактот дека сонувал број 5, цело време си вели, петка е сигурно среќен број за мене. И отишол на една од трките кај што живеел во САД и сите пари коишто ги имал ги ставил на трка број 5, на коњот и џокејот во патека 5, па и коњот се викал 5х5. На крајот вложил сѐ и, коњот нормално завршил на петто место. Така што, од прилика така завршуваат тие ситуации во коишто човек се клади против своите. Така што, да видиме како ќе биде на изборите“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ