петок, 8 ноември 2024
Премиерот прати порака до сопартијците и коалициските партнери

Ковачевски: Одговорите за вработувањата во М-НАВ да се бараат кај оние што имаат роднини вработени таму

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање за вработувањата на роднини на министри во М-НАВ упати одговорите да се бараат кај оние што имаат роднини вработени во оваа институција.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас имав принципиелен став во однос на М-НАВ и гледам дека министрите што имале некого вработено во М-НАВ веќе си даваат свои ставови. Јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе, ниту сум претендирал да бидам тоа. Оваа тема ако се отвори тогаш ќе треба да проверите и во Академијата за судии и јавни обвинители кој се станува судија и обвинител, како и да проверите по министерствата. Таму на времето имаше еден поранешен министер, кој сега е многу гласен, кој дури и бебисистерката си ја вработи во Министерство за надворешни работи. Така што тоа е една карактеристика на општество во транзиција. Такви се сите општества во транзиција“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани во Шуто Оризари.

Според Ковачевски, доаѓа време кога професионализмот ќе биде клучен при вработувањата.

Дел од медиумите излегоа со информација дека во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, како и на министрите за надворешни работи и за земјоделство, како и на Беким Незири, сега осомничен за упадот во Контролата на летање.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска се скара со новинарите и уште еднаш повтори дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ. Тој расправајќи се со медиумите порача дека наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, се обидуваат директно да шират лаги и невистини.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со шпанската фирма „Глобалтек“ за поставување фотоволтаици на вода, Николовски напомена дека државава треба да ги отвори вратите за младите стручни кадри, а не да им испраќа порака дека не се добредојдени тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ