среда, 16 октомври 2024
Атина

Ковачевски – Фон дер Лајен: Да не се пропушти шансата за европската интеграција

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, што се одржав во рамките на посетата на Атина, по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан, беше истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

Премиерот Ковачевски и претседателката на европската комисија Фон дер Лејен, информираат од владината прес-служба, разменија мислења за текот на скрининг процесот и очекуваното отворање на првите кластери од преговорите.

Двајцата соговорници се осврнаа на придобивките за земјите од Западен Балкан од новиот план за раст на претседателката Фон дер Лејен, како што се приближувањето до единствениот пазар на ЕУ и продлабочувањето на регионалната економска интеграција, кои се исклучително важни за секоја од земјите. 

Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот.

Говорејќи за предностите на членството во ЕУ, уште еднаш беше потенцирано дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Северна Македонија во Унијата.

На средбата се разговараше и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, чија евроинтеграција има геостратешка и безбедносна важност за цела Европа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ