„На трети август во атарoт на селото Злокуќани, Скопско, полициски службеници извршиле контрола на возило комбе ‘ивеко’, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени повеќе различни производи и стока за кои не поседувал соодветна документација. Исто така, при контролата било констатирано дека возилото илегално влегло во државата“, соопшти МВР.