Короната е во пораст, Комисијата за заразни болести препорачува внимателност и вакцинирање
Комисијата за заразни болести на последниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица. „За потсетување, вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста“, велат од комисијата.
Објавено на
часот