„Поради специфичноста, предметот ќе го работи тим и од советници и од членови на Комисијата, што говори дека ќе му посветиме особено значењеие со цел вистината да ја извадиме на виделина и резултатите јавно да ги соопштиме, изјави Ивановска пред почетокот на годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
По бројните новинарски написи преку кои се изнесуваше сомнеж за можни коруптивни моменти во договорите за изградба на коридорите и надзор над работите, по допрен глас и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка за проверка на наводите.
Ивановска, информирајќи за работата на ДКСК во текот на изминатите месеци и ланската година, рече дека проблем во истражувањето на можна корупција се честите промени на министрите, директорите и другиот раководен кадар.
Во однос на различните мислења со вицепремиерката Славица Грковска за одговорноста во институциите, индивидуална или колективна, Ивановска рече:
„Институциите се водени од индивидуалци, битна е индивидуалната одговорност, но таа ја гради институционалната одговорност. Ние, постарата генерација, живеевме во ооштество кое го сметавме за најубаво и дававме придонес тоа да биде уште подобро. Ама денес младите не знаат да ги објаснат состојбите во оваа држава и излез сметаат дека има само во заминување во странство. Но тоа не е точно, оваа држава има капацитети, има богатства, само треба енергијата правилно да се насочи, Промените се многу битни, овозможуваат нов живот во државата“.
На прашањето зошто Собранието уште не го разгледало годишниот извештај на ДКСК за 2021 година и дали непојавувањето на претседателот на Собранието Талат Џафери на средби со антикорупционерите има врска со предметот против неговиот син кој беше отворен за да се утврди дали предвреме и привилегирано му било овозможено да положи правосуден испит и да се вработува, Ивановска одговори дека најдобро би било таквото прашање на Џафери да му биде поставено.
„Јас само кажувам тоа што го имаме црно на бело. Одговараме позитивно на сите собраниски покани, имаме соработка со Комисијата за политички систем. Но, дневниот ред за пленарните седници ги изготвува претседателот Џафери, зошто не сме на дневен ред тој знае,. Факт е дека има во таа насока критики и од меѓународниот фактор“, рече претседателката на ДКСК.