На распишаниот конкурс може да аплицираат студенти и студентки кои ги исполнуваат следните услови: по прв пат да се запишани во I, II, III и IV година, во учебната 2024/2025, зимски семестар; да се од семејствa со ниски месечни семејни приходи и да не се корисници на друга стипендија или кредит.
Преку конкурсот на програмата „ЛОСТ“, ЕВН доделува по 10.000 денари месечно за секој избран стипендист и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.
ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при селекција без оглед на расата, полот, религијата, националната припадност, вид на попреченост или политичка припадност на кандидатот и кандидатките.