вторник, 15 октомври 2024

Конгресот на САД разгледува серија закони против Кина

Американскиот Конгрес денеска ќе ја разгледа можноста за усвојување низа закони насочени кон ограничување и спротивставување на влијанието и моќта на Кина, насочени кон нејзините компании за биотехнологија, беспилотни летала и електрични возила. Официјален Пекинг смета дека овие дејствија се еден вид политичко-економски прогон.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Законите имаат за цел да обезбедат помала зависност на САД од кинеските компании за биотехнологија, да забранат увоз на кинески електрични возила и беспилотни летала, да им забранат на кинеските граѓани да купуваат обработливо земјиште и да спречат шпионирање на американската интелектуална сопственост.

Сепак, некои организации се загрижени за последиците, предупредувајќи на реторика која може да им наштети на Азиските Американци и да создаде „атмосфера на вина или да поттикне поделба“, кинеската амбасада во Вашингтон го нарече законот „нов макартизам-практика на обвинување за нелојалност, субверзивност и предавство без да се земе предвид постоењето на докази “ што ги зголемува тензиите во изборната година.

Доколку бидат усвоени, законите „ќе предизвикаат сериозна криза во кинеско-американските односи и неизбежно ќе им наштетат на сопствените интереси, имиџ и кредибилитет на САД“, изјави портпаролот Лиу Пенгиу во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ