Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот Македонисимо, соопштуваат организаторите.
„Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја Македонисимо 2022, со организациски исклучително предизвикувачкиот концерт во село Збажди, Струга – родното место на таткото на Симон Трпчески (на 1.000 метри надморска височина, на планината Караорман), така оваа година со овој исто така несекојдневен концерт ја стартуваме Балканската турнеја на Македонисимо што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија“, велат од КултурОп.