вторник, 10 декември 2024

Комшике убава: Ана А. Божиновска

Објавено на

часот

Сподели

„Секој треба да внимава на својот изглед и на однесувањето. Среќна сум со она што ми го дал бог, природата, а и генот тука одиграл важна улога. Имам убава и чиста кожа. Верувале или не, секогаш кога ќе купам некое мало луксузно пакување, од љубопитност или по препорака, го употребувам два или три дена и потоа ѝ се враќам на старата добра павловиќева крема. Ете, целиот свој живот јас употребувам лесни и едноставни бебешки креми за лице и за тело. Сакам и миризливи производи за нега на телото што содржат мед, алое, бадем… важно е да се на природна база“, раскажува Ана Божиновска за својата нега.

Ана не користи декоративна козметика секојдневно, а се шминка само по потреба. Вели дека постојано купува шминки, но најчесто за да нашминка некого друг. Шминкањето го доживува како уметничка креација.

„За мене поважна е негата на душата, а тоа го постигнувам со читање добра книга, слушање музика и прошетки во природата. Најбитна ми е негата на духот преку мисловна молитва“, објаснува таа.

Се согласува со изреката „во здраво тело – здрав дух“. Затоа и редовно спортува. Порано тренирала кошарка, одела на пливање, на аеробик… сега ужива на патеката на кејот на Вардар. Трча секој ден, а оди дополнително и во теретана и на фитнес. Сака да навива, па често во живо ги следи спортските натпревари, дури и фудбалските.

Најголема амбиција на Ана, како што вели е во овие турбулентни времиња да остане нормален и едноставен човек. „Сите некаде брзаат, се натпреваруваат во докажувањата. Јас пак сакам да си го материјализирам своето универзитетско знаење, бидејќи до сега не успеав во тоа. Стекнатото образование ми е едно, а она што до сега го работев сосема друго. Зад мене стојат неколку телевизиски проекти кои ги прифатив како предизвик и еден вид на испит на кој успеав. Се појавив и на неколку насловни страници, реклами, спотови… Но јас ниту сум модел, а ниту пак дипломиран новинар. Во мојот случај, камерата сакала некого што студирал економија и педагогија. Учењето им го посветив на маркетингот и менаџментот, а сигурна сум дека еден ден ќе го реализирам стекнатото знаење. Сакам да учам и тоа постојано. Човекот учи додека е жив. А особено од грешките. Туѓите, но најмногу од своите. Секој тежнее кон совршенство, а не избира како ги остварува своите цели. Само со огромна љубов, со почит и со разбирање може да се стане добар човек. Никако поинаку. Сигурна сум дека еден ден ќе бидам добра во тоа што го работам, добра мајка, добра сопруга, добра пријателка… добра во сѐ. Иако во денешно време да се реализира зборот „добар“ потребно е многу напор, храброст но и мудрост“, вели Ана.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ