Од РЕС потенцираат дека ќе даваат континуирана поддршка за стабилизирање на домашната берза и за формирање на стабилни цени на електрична енергија кај нас, кои ќе му овозможат на стопанството подолгорочно планирање и ќе се избегнат ценовни шокови.
РЕС во моментот снабдува со електрична енергија над 300 компании и државни субјекти, кои имаат годишна потрошувачка од над 450 гигават часа.