понеделник, 7 октомври 2024
МЕПСО реагира за медиумските написи за ревизорксиот извештај

Компанијата никому не отпишала 14 милиони евра долгови

Објавено на

часот

Сподели

Од МЕПСО тврдат дека не е вистина дека компанијата отпишала долг од 14 милиони евра долг на своите должници. 

Исто така невистинити се тврдењата дека Управниот одбор на АД МЕПСО отпишал, односно простил околу 14 милиони евра долг на свои должници, а сето тоа поткрепено во медиумите со исечок односно дел од одлука на Управниот одбор на МЕПСО каде што јасно стои дека се врши “резервација” на средства а не отпис или простување на истите, што се сосема различни термини кои мора да се разликуваат. Посочуваме дека ваквите написи во дел од медиумите фрлаат дамка врз успешното работење на друштвото поради што сметаме дека во интерес на пообјективно информирање на јавноста е нужно потребна поголема соработка меѓу двете страни“, реагираат од МЕПСО.

Во однос на делот кој се однесува на ТЕЦ Неготино, МЕПСО дообјаснува дека  согласно законската обврска за обезбедување на ладна резерва, компанијата била задолжена од законодавецот по овој основ да врши плаќање кон ТЕЦ Неготино, како законска обврска која предходно законодавецот му ја дал на АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ.

Во интерес на објективно и целосно информирање на јавноста наместо половични информации и во дел од медиумите, додадени нестручни и паушални коментари, кои даваат поинаков тон за работата на компанијата, велат од МЕПСО, компанијата ги презентира фактите дека „членовите на Управниот одбор (УО) на МЕПСО се избрани лица со мандат од четири години, и како такви, кои имаат статус на менаџери, тие во согласност со Законот за трговски друштва имаат склучено менаџерски договори во кои се уредени нивните права, обврски и одговорности, сѐ до траење на нивниот мандат“.

Како едно од правата кои го имаат членовите на УО на друштвото е и правото на отпремнина во износ од 12 месечни плати, кои го остваруваат само доколку им биде прекинат мандатот, пред да истече истиот односно доколку мандатот им прекине пред истек на периодот од четири години, за кој се избрани. Впрочем вакви менаџерски договори имаа сите избрани менаџери и во другите државни компании односно акционерски друштва (АД) во државна сопственост. Оттаму, не се точни наводите кои се пласираат во јавноста дека членовите на УО на кои им прекинал менаџерскиот договор пред истекот на мандатот земале отпремнина само за еден или неколку месеци директорување. Вистината е дека согласно склучените менаџерски договори членовите на УО на кои им прекинал менаџерскиот договор пред истекот на мандатот, можат да стекнат право на отпремнина само доколку имаат најмалку шест месеци остварен мандат како менаџер во АД МЕПСО. Исто така не е точно дека членовите на Назорниот одбор земале отпремнини, бидејќи тие немаат менаџерски договори и такви права не им следуваат“, велат од МЕПСО.

Во однос на тоа дека членови на УО ја тужеле компанијата и добиле отштета, од компанијата велат дека двајца поранешни членови на Управниот одбор на кои им бил прекинат мандатoт пред истиот да им истече, поднеле тужби за исплата на отпремнини согласно склучените менаџерски договори до Основниот граѓански суд Скопје.

Само на еден од нив судот со правосилна пресуда му досуди отпремнина во износ од 12 месечни плати, но на другиот поранешен член на УО судот му го одби тужбеното барање, и таа одлука е правосилна. Во однос на тоа дека во текот на 2021 година и 2022 година има судска постапка од поранешен генерален директор посочуваме дека станува збор за непроверена информација бидејќи името и презимето на поранешен член на УО кој го тужеше МЕПСО за отпремнина и судот го одби тужбено барање е исто со името и презимето на еден од подоцнежните членови на Управниот кој ја вршеше функцијата претседател на одборот и генерален директор на МЕПСО, кој го нема тужено друштворо“, тврадт од МЕПСО.

МЕПСО  е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на струја.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ