„ТРИБИНАТА – ЗА КЛУБОТ И ТАТКОВИНАТА!
Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот!
Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот!
Собир: [01.12.2024] | 10:30ч.
Локација: ,,Парк на новинари”
(Последна 23-ка, спроти Нова Македонија)
Билети ќе се продаваат на собир:
100 денари со членска карта
200 денари без членска карта
*Гратис влез со македонско знаме.
Шалот на врат и знаме во рака. Се гледаме во недела на собир!
СТАНИ МАКЕДОНЧЕ, ОВА Е ТВОЈОТ ДОМ!“, стои во објавата на Комити.
Комити: Бесплатен влез на натпреварот Вардар – Тиквеш за секој кој ќе дојде со македонско знаме
Во недела Вардар го пречекува Тиквеш на „Градски“ од 13 часот, навивачката група „Лојал Фанс“ која е дел од Комити ќе прослави 25 години од своето постоење, вардарци повикуваат на масовност, а соопштија и дека ќе има гратис влез за оние кои ќе дојдат со државното знаме.
Објавено на
часот