вторник, 15 октомври 2024

Комисијата за заштита од дискриминација работи некомплетно, невладините бараат итен избор на двајца членови

Објавено на

часот

Сподели

„Ја користиме оваа прилика да апелираме изборот да се изврши по заслуги, да се изберат стручни и независни експерти како членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, потсетуваме дека членовите мора да имаат минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација. Потсетуваме дека избор на членови кои не ги исполнуваат критериумите, односно по партиски клуч, ја загрозува и анулира улогата на комисијата, нејзината независност, директно влијае на (не)довербата на граѓаните и доведува до несоодветно спроведување на законот. Од друга страна, потсетуваме за недостатокот на родова еднаквост помеѓу членовите на комисијата и припадници на маргиналзирани групи. Оттука, овие две места треба да се пополнат со жени и/или жени од маргинализирани групи, доколку помеѓу кандидатите има лица со овие карактеристики кои ги исполнуваат условите за стручност и независност. Сметаме дека одолговлекувањето на изборот на членови на комисијата претставува неодговорно делување од страна на пратениците со што индиректно влијаат врз остварувањето на човековите права и слободи на граѓаните“, велат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Во Извештајот на Европската Комисија за Македонија за 2022 година, беше истакнато дека Собранието неуспеало да ги пополни празните места во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и дека проблемите со финансиските и човечките капацитети треба приоритетно да се надминат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ