Комерцијална банка претходно упати повик до акционерите на Стопанска банка Битола за преземање на сите обични акции на банката со право на глас.
Во Стопанска банка Битола акционерски пакет од над пет отсто има само компанијата „Пелистерка“, и таа располага со 16,99 отсто.
На редовниот пазар последната цена за една акција на Стопанска банка Битола беше 3.699,12 денари, што е раст за 9,02 отсто во однос на еден ден претходно.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме дека Комерцијална банка АД издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција“, соопшти Комерцијална банка на својата веб-страница.
Претходно во Македонија вакво спојување на банки се случи со Шпаркасе и Охридска банка.