Состојки:
200 г брашно
1 ќесе прашок за печиво
малку сол
200 г крупно мелени печени бадеми
120 г несолен путер, стопен
250 г крем сирење маскарпоне, омекнато
120 г шеќер во прав
500 мл слатка павлака
1 л млеко
2 ќесиња чоколаден пудинг
10 лажици шеќер
чоколаден прелив (по избор)
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го садот за печење со путер. Во сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, солта, мелените бадеми и путерот. Истурете ја смесата во подготвениот сад за печење во тенок слој, тапкајќи ја смесата рамномерно во сите агли. Печете додека не се стегне, околу 20 минути. Извадете го од рерната и оставете да се лади околу 30 минути.
Изматете го крем сирењето со електричен миксер на средна брзина додека не стане кремасто, околу 2 минути. Постепено додавајте го шеќерот во прав, матејќи додека смесата да се изедначи, 45 секунди до 1 минута. Додајте половина од слатката хопла и измешајте. Размачкајте ја смесата рамномерно врз изладената кора.
Сварете го чоколадниот пудинг според упатството, со млекото и шеќерот. Истурете го пудингот врз слојот од крем сирење. Оставете да отстои додека малку да се стегне, околу 10 минути, па одозгора премачкајте ја преостанатата изматена слатка павлака. По желба украсете со чоколаден прелив. Покријте и оставете да се лади најмалку 2 часа или до 8 часа.