Тука се работи за класично фалсификување на официјална дикументација за кој судот веројатно допрва ќе треба да решава. На судењето обвинителот рекол дека нема правно регуларен допис, дека таквата техничка грешка била поправена со доставување на нов диспозитив по кој треба сега да се постапува.
Во пропратното писмо од Вишото јавно обвинителсто до Апелацискиот суд Скопје (КОЖ бр.1199/24 од 17.10.2024 година со приемен печат на судот, со предмет: враќање на списи, ваш КЖ 597/24) стои: „Во врска со закажаната главна расправа на 28.10.2024 година, оформен против обвинетите Сашо Давитковски и други, по направениот увид Ви се враќа со писмено дополнување во однос на промена на правната квалификација согласно измените на Кривичниот закон – сл.весник на РС Македонија бр.188 од 07.09.2023 година со измена на диспозитив на обвинителен акт, кој заради економичност на постапката пред одржување на главната расправа да им се достави на обвинетите и одбраната“.
Во доставениот диспозитив, на последната страница има оригинален печат на Вишото јавно обвинителство, но нема потпис. На пропратното писмо, пак со нов диспозитив, потпишан е јавниот обвинител Јован Цветановски, со печат на Вишото јавно обвинителство.
И судии и обвинители сега го поставуваат истото прашање – кој го известил обвинителот дека нема правно регуларен допис, кога во списите од предметот не постои такво известување од Апелацискиот суд Скопје?
За првиот диспозитив било утврдено дека е нецелосен и технички неисправен. Обвинителот Цветановски веднаш пристапил кон средување на овој хаос, па на 18 ноември доставил нов, комплетно изменет текст на диспозитив, со нови дејства на извршување, нови одредби од Законот за трговски друштва и комплетно променети околности од претходно доставениот. Овојпат со печат и потпис.
Обвинителот Цветановски, откако потврдил дека некој без негово овластување и негов потпис доставил обвинение во негово име со печат на Вишото јавно обвинителство, за предмет кој е кај него распределен, мора да одговори дали некаде го пријавил овој настан. Дали за ова е известен вишиот јавен обвинител?
Тука постои сериозно сомневање за сторено кривично дело фалсификување на исправа.
Случајот со продажбата на акциите на „Скопски пазар“ на неколку компании, меѓу кои и на прилепската фирма „Современ дом“ на Ацо Дудуловски, сѐ уште нема судска разрешница. И овој случај, според мислењето на неколкумина експерти, отвора сериозни сомневања за, најблаго речено, чудните одлуки на судиите и случајните временски совпаѓања на унапредувањето на судијка со можниот конфликт на интереси на поранешната претседателска на Судскиот совет Весна Дамева. Нејзиниот сопруг, Младен Дамев, во овој случај е тужител во својство на управител во новата акционерска структура на Скопски пазар.
Се работи за блокирани пари од околу 700 илјади евра за кои се чека судска разврска. Тужителот смета дека Управниот и Надзорниот одбор на Скопски пазар влијаеле, во една фаза од продавањето на акциите, на Собранието на акционери да донесе одлука за купување на сопствените акции на слободниот пазар. Тоа се случило во 2006 и 2007 година. Потоа Собранието на акционери одлучува овие акции да ги поништи. Ова е легитимно решение за да се спречи можно непријателско преземање на акциите, по што акциите се повлекоа според номиналната вредност. Разликата меѓу пазарната и номиналната вредност е 700 илјади евра, за што тужителот смета дека тогашните членови на Управниот и Надзорниот одбор се виновни и предизвикале штета на компанијата.
А.Д.
Mедарски до Дамева: Скандалозен е обидот на колегиумот да го продолжи вашиот мандат! – МКД.МК
Никој не зборува ништо за можно изземање на судијката Гајдова од случајот Скопски пазар – МКД.МК
Случајот „Скопски пазар“ уште еден пример за македонското руинирано судство – МКД.МК