„Вечерва имавме Централен одбор и без какви било забелешки едногласно беше усвоена листата за сите шест изборни единици. На изборните листи имаме и доктори на науки, имаме угледни доктори, хирурзи, имаме луѓе од различни области кои можат да бидат вистински репрезенти на граѓаните на Република Македонија од нивните средини. Она за што ќе се залагаат луѓето кои се на овие шест изборни листи се реформа во образованието, реформа во здравството и реформа во државната администрација“ изјави Јакимовски пред Државната изборна комисија.
Јакимовски ги кажа и носителите на изборните листи:
Добрила Андоновска во ИЕ1
Љупчо Ристовски во ИЕ2
Јордан Николов во ИЕ3
Ружица Николова во ИЕ4
Самка Ибраимоски во ИЕ5
Зоран Софрески во ИЕ6
Во Коалицијата Храбро за Македонија учествуваат политичките партии Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР.