Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори, стои во соопштението од прес – службата на Владата.
На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и на неа се говорело и за други теми како што се справувањето со енергетската криза, борбата против корупцијата и приоритетите на Македонија со претседавањето со ОБСЕ.
За овој настан соооштение испрати и Министерството за надворешни работи.
„Како лидери, мора да останеме посветени на патеката за пристапување кон ЕУ. Мора да направиме визионерски чекори за подобрување на демократскиот развој, проширување на економските можности и поттикнување на помирувањето во Западен Балкан, сè со цел целосен просперитет на земјата и граѓаните“, кажал Османи на тркалезната маса организирана во рамки на денешниот состанок во Атланскиот совет.
Тој истакнал и дека минатата 2022 година беше година на пробив за Северна Македонија, која по 17 години чекање успеа да го стопи „вечниот мраз“ околу пристапниот процес на земјата во ЕУ.