понеделник, 11 ноември 2024

Клоп ја прифати првата работа по заминувањето од Ливерпул, има и посебна клаузула

Јирген Клоп прифатил прва работа по заминувањето од Ливерпул, ќе биде глобален директор за фудбал во Ред Бул, ќе има и посебна клаузула доколку добие понуда да стане селектор на Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Јирген Клоп по крајот на минатата сезона го напушти кормилото на Ливерпул, изминатиов период имаше многу гласини за неговата иднина, а последните информации велат дека тој сега прифатил прва работа по заминувањето од Енфилд.

Германецот од 1. јануари ќе биде глoбален директор за фудбал во Ред Бул. Самиот тој го потврди новиот ангажман.

„По речиси 25 години крај аут линијата, не можам веќе да бидам возбуден а тоа да не биде некој ваков проект. Мојата улога можеби се промени, но мојата страст кон фудбалот и луѓето на кои им е важна оваа игра никогаш нема да се промени. Сакам да го помогнам развојот и унапредувањето на наверојатните фудбалски таленти кои ги има Ред Бул“, потврди Клоп.

Тој ќе ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино) по голем број на прашања како филозофија на игра, трансфери, тренери, развој и младинска школа.

Јирген Клоп исто така добил и посебна клаузула со која ќе може да замине од позицијата само во случај ако добие предлог да стане селектор на Германија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ