петок, 4 октомври 2024
Најава од директорот на ФЗО

Клекоски: Долгот на здравствените установи ќе биде намален за 2 милијарди денари

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, денеска го презентира планот за намалување на долгот на јавно здравствените установи. Како што посочи Клековски, благодарение на ребалансот на Буџетот, долгот ќе биде намален за 2 милијарди денари, со што, рече, ќе биде донесен на едно одржливо ниво.

Објавено на

часот

Сподели

„Разговаравме за тоа што имаме направено во првите 100 дена на Владата и на премиерот му го презентиравме планот за намалување на долговите на јавно-  здравствените установи. Го намалуваме долгот благодарејќи на ребалансот и на нашата сопствена заштита за 2 милијарди денари, го намалуваме долгот од 5 на 3 милијарди денари и со тоа долгот го донесуваме на едно одржливо ниво кое нема да биде закана за здравствените установи“, рече Клековски.

Премиерот Мицкоски, пак, како врвен приоритет на Владата го посочи здравјето на граѓаните и рече дека Владата изготвува план за во текот на следната фискална година овој долг да биде намален уште повеќе.

„Правиме план како Влада да во периодот што следи, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата дел од тие долгови да бидат и по тој пат вратени назад. Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ