четврток, 27 февруари 2025

Ќе се затвора Националната арена, Вардар и Работнички ќе играат на други терени

Националната арена „Тодор Проески“ од недела повторно привремено ќе биде затворена, причината е теренот да се доведе во подобра состојба пред мечот меѓу Македонија и Велс.

Објавено на

часот

Сподели

Поради тоа натпреварот меѓу Вардар и Беса ќе се одигра во сабота, наместо во недела.

Оваа одлука не им оди во полза на црвено-црните кои вчера играа против Силекс за разлика од Беса која немаше куп обврски.

Останатите натпревари од 21. коло во ПМФЛ ќе се играат стандардно, во недела.

Арената „Тодор Проески“ нема да биде достапна за клубовите до 25. март кога се игра мечот меѓу Македонија и Велс.

Тоа значи дека Вардар и Работнички во меѓувреме своите домашни натпревари ќе треба да ги играат на други терени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ