„Ова филмско-музичко дружење за првпат се одржа минатата сабота во организација на Град Скопје, МКЦ и Универзална сала, а по повод Меѓународниот ден на младите и ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември. Посетителите ќе имаат одлична можност за дружење на отворено и забава во топлите летни вечери во омилената дестинација за скопјани, Градскиот парк“, велат од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека настанот е збогатување на културната понуда на Градот Скопје за своите граѓани и за сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.