понеделник, 14 октомври 2024

Кинеските власти објавија дека вработен во Министерството за државна безбедност бил шпион на ЦИА

Објавено на

часот

Сподели

Се вели дека 39-годишниот/ата Хао, чиј пол исто така не е наведен, бил вработен во Министерството и бил регрутиран од ЦИА додека студирал во Јапонија, пренесува АП.

Неименуван американски функционер, наводно, развил добри односи со Хао така што го носел во ресторани, му испраќал подароци и го финансирал пишувањето на истражувачки труд, по што го запознал Хао со колега за кој се испоставило дека е офицер на ЦИА, кој го убедил Хао да се врати во Кина и работи за американската разузнавачка агенција.

Хао наводно се согласил, потпишал договор за шпионажа со САД и поминал обука.

По враќањето во Кина, Хао добил работа во министерството и наводно во повеќе наврати се сретнал со агенти на ЦИА за „да обезбеди разузнавачки информации и да собира средства за шпионажа“.

Си-ен-ен објави дека соопштението на министерството следува 10 дена откако истото министерство објави дека друг кинески државјанин шпионирал за ЦИА и наводно бил регрутиран додека студирал во Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ