петок, 29 ноември 2024

Кинески и руски воени авиони влегоа во зоната на противвоздушна одбрана на Јужна Кореја

Единаесет кинески и руски воени авиони денеска во интервал од четири часа влегоа во зоната за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја, што ја натера Јужна Кореја да подигне борбени авиони, соопшти јужнокорејската војска.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руски и кинески авиони влегоа во областа еден по друг. Сите излегоа од таму без инцидент или упад во воздушниот простор на Јужна Кореја, рече началникот на Здружениот генералштаб во соопштение до новинарите.

Војската на Јужна Кореја ги идентификувала авионите пред да влезат во зоната за противвоздушна одбрана и ги распоредила своите авиони за да спроведат тактички маневри како одговор, се вели во соопштението.

Кинески и руски авиони често влегуваат во зоната на противвоздушна одбрана на Јужна Кореја во последниве години, а потоа излегуваат без инциденти. Двете земји не ја признаваат зоната за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја.

Голем број земји прогласија свои зони на противвоздушна одбрана за да ги следат и контролираат авионите кои се приближуваат до нивниот територијален воздушен простор поради национална безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ