вторник, 8 октомври 2024

Кина почна голема воена вежба кај Тајван поради комуникацијата на островот со САД

Објавено на

часот

Сподели

Вежбата околу Тајван е наречена „Обединет меч“ и ќе трае до понеделник, а Кина ја смета за неопходна за „одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Во близина на Тајван денес се забележани осум воени брода и 42 авиони, од кои 29 ја поминале средната линија на мореузот кој го раздвојува копното од островот, соопшти тајванското министерство за одбрана.

Меѓу авионите има млазни ловци Ј-10 „ченгду“, Ј-11 „шенијанг“ и Ј-16 „шенијанг“.

„Го осудуваме таквиот ирационален чин кој ги загрозува регионалната безбедноста и стабилноста“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Тајван.

Тајванската претседателка Цај Ингвен и претседавачот на долниот дом на американскиот Конгрес Кевин Макарти се сретнаа во четвртокот во Калифорнија, а Кина уште пред состанокот се закани со решителни контрамерки ако тој се случи.

Тајван од граѓанската војна во 1949 година сака независност од Кина која го смета за дел од својата територија и осудува секаков вид политичка комуникација со владата на островот. Кина тврди дека Тајван ќе го зачува во рамки на својата територија „макар и на сила“.

Пекинг вчера воведе забрани за патување и финансиски санкции на поединците кои беа поврзани со посетата на тајванската претседателка на САД.

Тајванската војска соопшти дека се активирани противракетните одбранбени системи и дека воздушни и поморски патроли се испратени да ја следат кинеската вежба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ