недела, 9 февруари 2025

Кина гневна поради тврдењата на ЦИА: „Теоријата дека ковид-19 потекнал од лабораторија е неверојатна“

Кина денес соопшти дека е „крајно неверојатна“ теоријата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека вирусот кој протекол од кинеска лабораторија ја предизвикал пандемијата на ковид-19.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Меродавниот научен заклучок до кој дојде заедничката експертска група на Кина и Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на теренските посети на релевантните лаборатории во Вухан, гласи дека е исклучително малку веројатно дека дошло до протекување од лабораторија“, кажа портпаролката на министерството за надворешни работи на Кина Мао Нинг.

ЦИА објави проценка дека е поголема веројатноста корона вирусот да протекол од кинеска лабораторија отколку дека дошол од животни.

Портпаролот на ЦИА кажа дека „потеклото на пандемијата е поврзано со истражување кое е поверојатно од природно потекло врз основа на достапните извештаи“.

Одлуката да се објави таа проценка е една од првите кои ги донесе новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, кого го именуваше новиот американски претседател Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ