„Општина Кавадарци ќе продолжи и во иднина да ги негува односите со Амбасадата на Република Кина и секако со сите останати што имаат претставништва во Македонија“, изјави Јанчев.
Во изјава за медиумите, Ксу Леи рече дека задоволство е да се биде денеска во градот познат по винарството и големата репутација како носител на винскиот регион.
„Кавадаречките вина се познати и во Кина“, истакна тој.
Осврнувајќи се на таблите финансирани од Амбасадата, Леи нагласи дека кога едукацијата просперира, тогаш нацијата се издигнува.
„Длабоко сум почестен што Амбасадата на НР Кина може да придонесе кон развојот на образованието во општината Кавадарци“, подвлече Ксу Леи, кој заедно со градоначалникот, присуствуваше и на училишна приредба изведена од ученици, во основното општинско училиште „Димката Ангелов Габерот’’.
Благодарност до локалната самоуправа и Амбасадата, упати директорот на училиштето Ѓорѓи Ѓорчев, од името на сите директори на основни училишта во Кавадарци.
Градоначалникот информираше дека 307 првачиња започнуваат со настава, или вкупно 4.490 ученици.