четврток, 10 октомври 2024

Кина е загрижена поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по убиството на лидерот на Хезболах

Кина соопшти дека е „длабоко загрижена“ за ситуацијата на Блискиот Исток по убиството на Хасан Насрала, лидерот на проиранското движење Хезболах во Либан, во израелско бомбардирање.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хезболах, моќната шиитска група поврзана со палестинскиот Хамас во војна со Израел во Појасот Газа, потврди вчера дека нејзиниот водач бил убиен во израелско бомбардирање без преседан претходниот ден во јужните предградија на Бејрут, упориштето на движењето.

„Кина го следи случајот со големо внимание и е длабоко загрижена поради ескалацијата на тензиите во регионот“, се вели во соопштението на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кина ги повикува инволвираните страни, особено Израел, да преземат итни мерки за да се смири ситуацијата и да се спречи натамошното ширење на конфликтот, односно негово излегување од контрола“, изјави портпаролот.

Израелската војска денеска соопшти дека извршува „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан.

„Кина се спротивставува и ги осудува сите дејствија што им штетат на невините цивили и се спротивставува на секој потег што го влошува конфликтот“, се вели во соопштението на Министерството во Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ