Фиорентина продолжува со одличните партии во Калчото, избраниците на Паладино денеска ја совладаа Верона и наредија шест победи во низа.
Кин го отвори резултатот веќе во 4. минута, но гостите брзо одговорија, Сердар изедначи на 1-1 во 18. минута.
По еден час игра, Кин повторно ја затресе мрежата на Верона за 2-1, а во финишот на натпреварот, на асистенција на голманот Де Хеа, напаѓачот стигна и до хет-трик, негов прв во кариерата, и ги постави конечните 3-1.
Болоња ја продлабочи кризата на Рома и веројатно ќе му пресуди на Јуриќ, популарните „рособлу“ попладнево со 2-3 славеа на Олимпико.
На првиот натпревар денеска во Серија А, Аталанта со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 2-1 над Удинезе.