вторник, 14 јануари 2025

Ким му пиша на Путин: Нека 2025 година биде запишана како „прва година од воената победа во 21 век“

Во своето писмо до рускиот претседател Владимир Путин испратено вчера, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека ќе го зајакне сеопфатното стратешко партнерство со Русија, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото, Ким им ја честиташе Новата година на Путин и на сите Руси, вклучително и нивните војници, и ја изрази својата подготвеност за дополнително зајакнување на билатералните врски, кои, како што рече, двајцата лидери ги поставиле на највисоко ниво оваа година со нови проекти, пренесе КЦНА.

Ким „посака новата 2025 година да биде забележана како прва година на воена победа во 21 век кога руската војска и народ ќе го поразат неонацизмот и ќе постигнат голема победа“, додава агенцијата.

На самитот во јуни, Ким и Путин потпишаа договор за меѓусебна одбрана, според кој секоја страна е обврзана да ѝ помогне на другата во случај на вооружен напад.

Оттогаш Северна Кореја испрати десетици илјади војници во Русија за да ѝ помогнат во нејзината војна против Украина, а Сеул и Вашингтон соопштија дека повеќе од илјада се убиени или ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ