Амбасадата во вчерашното соопштение навела дека Киев е „уверен дека мексиканската влада ќе ја испочитува“ меѓународната потерница по Путин, повикувајќи се на потерницата на Меѓународниот кривичен суд од март 2023 поради наводни воени злосторства.
Меѓународниот кривичен суд бара апсење на Путин и Марија Лвова белова, московската комесарка за права на децата, поради обвиненија за воени злосторства во врска со наводна нелегална депортација на украински деца, заедно со наводно незаконско префрлање на луѓе во Русија од Украина од почетокот на конфликтот во 2022.
Судот објави дека Путин и Лвова Белова се обвинети дека „извршиле дела директно, заедно со други и преку други лица“.
Исто така, судот смета дека Путин „не извршил правилна контрола над цивилните и воените подредени кои извршиле дела или дозволиле нивно извршување и кои биле под негови ефективни овластувања и контрола, во согласност со одговорноста на надредениот“.
Кремљ ги отфрла обвиненијата за присилна депортација.