Партијата изразува длабока загриженост за состојбата на кејот на река Вардар, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на Скопје, а денес, како што е наведено во реакцијата, претставува срам за сите нас. Некогашното место за прошетки и рекреација на скопјани е запоставено и запуштено, велат од ЛДП.
„ЛДП апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор. Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани. Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните“, се вели во партиското соопштение.