По поразот од РБ Лајпциг во Суперкупот на Германија, Баерн Минхен вечерва славеше со убедливи 0-4 против Вердер Бремен на отварањето на новата сезона во Бундеслигата.
Хари Кејн беше во стартниот состав и му требаа само четири минути за да го има својот прв придонес, најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен му асистираше на Сане за 0-1.
За вториот гол се чекаше многу а токму Хари Кејн се запиша во листата на стрелците. Напаѓачот доби топка од Дејвис и од врвот на шеснаесетникот рутински реализираше за 0-2 во 74. минута.
До крајот на натпреварот, Сане по втор пат погоди во 90. минута, а длабоко во судиското надополнување, Тел ги постави конечните 0-4.