Баерн со победа ја почна годината, на отварањето на 17. коло, избраниците на Тухел о 3-0 го совладаа Хофенхајм.
Резултатот беше отворен во 18. минута, Мусиала одлично се снајде и со помош на стативата ја затресе мрежата на гостите.
Хофенхајм потоа имаше неколку прилики да го изедначи резултатот, и откако не ги искористи своите шанси, домаќините креираа една убава акција по која Сане му намести топка на Мусиала за 2-0.
Во финишот од мечот, Хари Кејн се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 3-0.
За Англичанецот ова беше погодокот број 22, па тој го изедначи рекордот на Роберт Левандовски за најмногу погодоци во првата половина од сезоната. Со оглед на тоа дека „баварците“ имаат еден одложен натпревар, напаѓачот ќе има прилика да испише нова историја.