Во периодот од 29.07. до 04.08.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 63 непрописно паркирани возила.
ЈП ПОЦ соопшти дека ќе продолжи да ја спроведува оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.