четврток, 27 февруари 2025

Кавадарчанец приведен во Брвеница за издржување казна затвор

Во тетовското село Брвеница синоќа во 19:20 часот полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено–поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ