понеделник, 14 октомври 2024

Касаноф: САД ќе ја поддржи Македонија да се пробие блокадата на патот кон ЕУ

 

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, Касаноф упатил благодарност за македонската воена и техничка поддршка за Украина која ја потврдува позицијата на земјата како кредибилен партнер на САД и членка на НАТО.

Македонската претседателка го повторила ставот дека по 16 препораки на Европската комисија за почеток на македонските преговори за членство, Европската Унија (ЕУ) треба да ги спроведе сопствените правила и да се базира на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во Унијата.

Сиљановска Давкова ја потенцирала важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ. Укажала дека во интерес на двете земји и регионот на Западен Балкан е наскоро да бидат отворени првите поглавја во македонските преговори со ЕУ и дека САД ќе имаат конструктивна улога во тој процес кој е важен и поради глобалните безбедносни предизвици. Во разговорот изразила надеж дека ЕУ ќе почне да ги почитува сопствените одлуки кои укажуваат дека билатералните прашања не смеат да го блокираат процесот на проширување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ