недела, 19 јануари 2025

Касаноф: Како сојузници во НАТО партнерството на Македонија и САД никогаш не било посилно

САД отсекогаш биле наши блиски сојузници и пријатели. Како што тоа беше случај и претходно, така и денес, во услови на променета геополитика, остануваме како земја да бидеме посветен сојузник и партнер на САД.  Ова партнерство е цврсто втемелено на взаемна почит, доверба и заеднички цели, истакна премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф.

Објавено на

часот

Сподели

Претставникот на американскиот Стејт департмент истакна дека САД стојат цврсто зад Македонија во решавањето на реформите коишто ќе ја зацрвстат економијата, инфраструктурата, како и јавниот и приватен сектор, но и заедниците и ќе ја подготви за нејзиното природно место на припадност во ЕУ. Тоа, според Касаноф, вклучува владеење на правото и промена на законите.

„Наша задача е да продолжиме да ги надоградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да обезбедиме дека придобивките од ова партнерство ќе ги почувствуваат сите наши граѓани. Цврсто стоиме на страната на демократијата, мирот и просперитетот и ќе продолжиме да ги спроведуваме сите потребни чекори за заеднички напредок, инспирирани, меѓу другото и од пријателството со САД“, рече премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција.

Средбата со Касаноф ја окарактеризира како искрена и важна и која беше важна потврда за тридецениското партнерство помеѓу двете земји, кое се темели на заеднички вредности и визија за подобра иднина.

„Разговаравме за нашите европски интеграции, зајакнување на владеење на правото и економскиот развој, којшто претставува приоритет на нашата влада. Овие приоритети не се само национални цели, туку претставуваат предуслов за стабилност и напредок на целиот регион. Европските интеграции остануваат наш врвен стратешки приоритет. Работиме неуморно на реформите кои ќе обезбедат владеење на право, транспаретност и ефикасност на институциите, и заштита на човековите права и слободи“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека во економската сфера Владата работи на создавање на поволна деловна атмосфера кој ќе го поттикне економскиот раст. Верува дека соработката со САД ќе игра значајна улога во подобрување на овие, како што кажа, за нас исклучително добри резултати.

Касаноф истакна дека му било чест да се сретне со премиерот за да се потврди силното партнерство меѓу Македонија и САД. Според него, разговорите биле продуктивни и мошне опсежни, поткрепени од заедничките вредности кои ги спојуваат нашите нации.

„ Сржта на нашите разговори се однесуваше на поддршката на САД за аспирациите на  Македонија за целосна евроатланска интеграција како и реформите и придобивките кои ќе дојдат со пристапувањето кон ЕУ. Ние ги препознаваме предизвиците со кои се соочи  Македонија за да го постигне полноправното членство во НАТО и од неа се бара уште за да пристапи кон ЕУ. САД стојат цврсто зад Македонија во решавањето на реформите кои што ќе ја зацрвстат економијата, инфраструктурата, како и јавниот и приватен сектор, но и заедниците и ќе ја подготви за нејзиното природно место на припадност во ЕУ. Тоа вклучува владеење на право и промена на законите“, рече Касаноф.

Премиерот Мицкоски, истакна дека добро ја сфаќа моќта на корупцијата за поткопување на довербата и за него борбата за корупција е од клучна важност за оваа влада и ние го цениме тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ